www.oumirceacev.edu.mk



Зелено знаме




Основното училиште „Мирче Ацев“ од Ѓорче Петров, е едно од ретките училишта кое има освоено 4 зелени знамиња, и со тоа докажува дека е еко училиште и се грижи за целосно исполнување на еко стандарди.


Повеќе


Еко училиште




   Во учебната 2008/2009 година бевме пилот „Зелено училиште“, дел од активностите ги усогласивме и дадовме приоритет на следните компоненти: заштеда на вода; заштеда на енергија; рециклирање на пластика; справување со отпад.


Повеќе


Еразмус плус




Проект преку Еразмус програмата помеѓу опшините Ѓорче Петров и општина Разлог, Бугарија. Во овој проект со наслов DO&LEARN вклучени се училиштата “Мирче Ацев” од Македонија и Св “Паисии Хилендарски” од Бугарија и ќе се реализира во наредните 24 месеци од октомври 2016 до октомври 2018 година . За потребите на проектот ќе бидат изработени два сончеви колектори преку кои учениците од VII и VIII одделени под менторство на наставници ќе реализираат активности преку кои ќе се произведува енергија како крајна цел и тоа ќе стане дел од наставните часови и програми на наставниците вклучени во проектот. Општините Ѓорче Петров и Разлог ќе изработат стратегија за меѓусебна соработка во повеке области (образование,спорт,култура и др.)


Повеќе



Соработка со „Пакомак“



Проект во соработка со „Пакомак“.Училиштето Мирче Ацев е победник на ниво на општина Ѓорче Петров, а трето ниво на град Скопје со собрани 2135 кг


Повеќе


Активности на зелениот клуб 



    Членовите на Зелениот клуб и членовите на биолошката секција заедно со наставничките Сузана Поповска и Гордана Билбилоска гостуваа во емисијата ЅВОН на МТВ. 

Беа презентирани еколошките активностиво нашето училиште и изработките на учениците на тема Заштеда на вода и енергија како и начините на кои се интегрира Еколошката едукација во редовната настава.


Повеќе


Засадување желади




На 12.05.2014год. во нашето училиште се спроведе акцијата „Садница плус“ како дел од пролетната акција „Ден на дрвото“. Со акцијата беше предвидено засадување на семенски материјал – желади од страна на учениците. За таа цел беа доделени флаери и желади на секое одделение. Учениците ги засадија желадите во пластични шишиња. За желадите ќе се грижат учениците и редовно ќе ги наводнуваат. Следењето на никнувањето и растењето на желадите ќе придонесе за развивање на грижа за она што ќе се засади и за подигање на еколошката свест на учениците.


Повеќе

Еко самит 




На 5 март 2014 година, Мирче Ацев учествување на ЕКО САМИТОТ во организација на ОХО.Гости беа министерот за образование и наука Спиро Ристоски и амбасадорот на Швајцарија Стефано Лазарото.


Повеќе

Одбележување на денот на земјата




На 22.04.2014год. беше одбележан Денот на планетата Земја во одделенска настава. По тој повод на првиот час беше прочитана Еколошката повелба на ООН за заштита на планетата Земја. Исто така за време на часовите кружеа неколку хамери низ сите одделенија во одделенска настава на кои учениците пишуваа еколошки пораки за зачувување на нашата планета и цртаа слики.


Повеќе


Активности во тек

05

Maj

Оглас за запишување деца во прво одделение во учебната 2014/2015 година


09

Мај

Учениците и вработените Ве покануваат да присуствувате по повод Патрониот празник, со почеток во 10 часот


09

Maj

Во О.У Мирче Ацев се организираше маскембал по повод денот на шегата

 

15

Апр

Во О.У Мирче Ацев ќе се организира велигденски хепенинг



Најави се


Најави се на Е-дневник

Најава

Соработници



Мирче Ацев

Контакт

  • Тел: +389(02)2041509
  • Адреса: Мечкин камен бб Ѓорче Петров-Скопје 

Инфо

  • ouma.skopje@gmail.com





 

Copyright © 2013-2014. All Rights Reserved