• img

    Мисија

    Училиште кое обезбедува квалитетна настава прилагодена на можностите, потребите и интересите на учениците во кое се негува лична одговорност, самодисциплина, толеранција, меѓусебно почитување и мотивација на сите учесници во училишниот живот. Го поттикнуваме развојот на личноста на нашите ученици, нивната индивидуалност, креативност, натпреварувачки и спортски дух, хуманост, еколошка свест, критичко мислење и градење позитивни системи на вредности со цел успешно да се снаоѓаат во опкружувањето. Ги оспособуваме учениците за почитување на различностите и соживот во мултикултурно општество. Ги следиме трендовите и модернизацијата на образованието преку континуирано стручно усовршување на наставниот кадар. Градиме соработнички и партнерски односи со родителите и локалната заедница

  • img

    Визија

    Ќе градиме современо, иновативно и отворено училиште за промени и развој кое ќе може да одговори на предизвиците на 21-от век. Ќе ги зајакнуваме професионалните компетенции на вработените со цел постојано да се унапредува квалитетот на наставно – воспитниот процес. Сакаме добро опремено училиште во кое ќе се применува современа образовна технологија и креативна настава, пришто учениците ќе стекнуваат трајни и функционални знаења, вештини и вредности со надминати предрасуди. Ќе се стремиме да обезбедиме стимулативна средина за учење и работа во која на учениците ќе им се дава можност целосно да го реализираат својот потенцијал, со додатна образовна поддршка на потенцијално надарените ученици и на децата од ранливите групи. Сакаме уште подобра и поквалитетна соработка со родителите во сите сегменти на животот и работата на училиштето

  • img

    Наше мото

    Ученикот во центарот на нашето внимание , покрај сите предизвици

СООПШТЕНИЕ

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИК ПРАВОБРАНИТЕЛ И НЕГОВИ ЗАМЕНИЦИ

Според членот 68, став 8 од Законот за основно образование (Службен весник на РСМ, бр. 161 од 5.8.2019 година) ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје, општина Ѓорче Петров објавува повик за избор на ученички правобранител и двајца негови заменици. Ученичкиот правобранител е ученик кој ќе се грижи за заштита и унапредување на правата на учениците во училиштето. Ученичкиот правобранител и неговите заменици ќе имаат обврска да ги промовираат детските права, да препознаваат прекршување на детските права во рамките на училиштето и да ги пријавуваат сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во училиштето и надвор од училиштето (училишен кадар и Народен правобранител). Конкретни информации за пријавувањето и начинот на избор ќе најдете во следниот документ (линк Отворен повик за избор на ученички правобранител и негови заменици). Исто така, за дополнителни информации може да се обратите кај педагошко - психолошката служба на училиштето.

Линк ==>> Oтворен повик за избор на ученички правобранител и негови заменици

СООПШТЕНИЕ

Протокол

План за постапување на оосновните училишта на Република Северна Македонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

СООПШТЕНИЕ

Општи одредби

План за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2021/2022

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

СООПШТЕНИЕ

К О Н К У Р С

за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година во Република Северна Македонија

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

СООПШТЕНИЕ

На ден 21.12.2020 година ќе се одржи натпревар по предметот Физика.

Време на почеток : во 11 часот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

СООПШТЕНИЕ

Препораки за однесување на наставниците и учениците за време на наставата од далечина

ПРОЧИТАЈ ПРЕПОРАКИ

СООПШТЕНИЕ

Распоред за физичко присуство на ученици за проверка на знаењата по писмен пат по предметот информатика за 6-то и 7-мо одделение

ПРОТОКОЛ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА НАСТАВАТА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО НА УЧЕНИЦИТЕ ОД 6 ТО И 7 МО ОДДЕЛЕНИЕ ПО ПРЕДМЕДМЕТОТ ИНФОРМАТИКА

ПРОЧИТАЈ РАСПОРЕД

ПРОЧИТАЈ ПРОТОКОЛ

СООПШТЕНИЕ

Училишен литературен и ликовен конкурс по повод МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА (15 ОКТМОВРИ - 15 НОЕМВРИ)

СООПШТЕНИЕ => ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

РЕЗУЛТАТИ => ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

СООПШТЕНИЕ

Се соопштува на учениците од I до IX одд, дека по повод манифестацијата наменета за деца Детска недела, 2020 (првата полна седмица во месец октомври), ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје распишува литературен и ликовен конкурс на тема „Почитуваме за наше здравје, за наш успех“. Конкурсот е отворен од 05.10.2020 до 09.10.2020 година.

СООПШТЕНИЕ => ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

План и протоколи за постапување на основните и средните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес во учебната 2020/2021 година (Министерство за образовение и наука)

План за одржување настава во основно и средно => ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Протокол основно => ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Алгоритам за постапување => ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ПРОТОКОЛИ И УЧИЛИШНИ КОДЕКСИ

Протокол за реализација на настава 2020/2021 => ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Протокол за реализација на одмори помеѓу часови => ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Куќен ред => ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Кодекс за учење на далечина => ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Кодекс за ученици => ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Кодекс за родители => ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Општинско основно училиште „Мирче Ацев“ – Скопје, запишува ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 година

Почитувани родители,

Ве известуваме дека сите потребни информации за запишување на учениците во прво одделение во ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје за учебната 2020/21 година ќе ги најдете на училишната веб страна на следниов начин:

ПОВЕЌЕ

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ПРВЕНЦИ НА ОДДЕЛЕНИЈА И ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА

ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје распишува интерен конкурс за избор на првенци за одделенија за учебната 2019/20 година (ученици од IV до IX одд.) и првенец на генерација 2011/12 год. – 2019/20 година (ученик од IX одд.).

ПРОЧИТАЈ КОНКУРС ПРОЧИТАЈ КРИТЕРИУМИ

КОНКУРС

Доделување награди, дипломи и пофалници на учениците и просветните работници во општинските основни училишта во Општина Ѓорче Петров

ПРОЧИТАЈ КОНКУРС

СООПШТЕНИЕ

УЧИЛИШЕН ЛИТЕРАТУРЕН И ЛИКОВЕН КОНКУРС

По повод празникот 24 Мај – Ден на словенските просветители Св. Кирил и Mетодиј, ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје распишува литературен и ликовен конкурс на тема „Моќта на Кириловото слово“.

ПОВЕЌЕ

ПРЕПОРАКИ ЗА РОДИТЕЛИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ

ПРЕПОРАКИ ЗА РОДИТЕЛИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ ВО ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ДРЖАВАТА ЗАРАДИ СПРЕЧУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА ВИРУСОТ COVID – 19 (КОРОНАВИРУС)

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ДОКУМЕНТ 1

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ДОКУМЕНТ 2

СООПШТЕНИЕ

УЧИЛИШЕН ЛИТЕРАТУРЕН И ЛИКОВЕН КОНКУРС

По повод Патрониот празник на училиштето, ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје распишува литературен и ликовен конкурс на тема „75 години, горди на името твое“.Право на учество имаат учениците од ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје.Конкурсот е отворен од 02.04.2020 до 23.04.2020 година.

ПОВЕЌЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

ПОЧИТУВАНИ РОДИТЕЛИ И УЧЕНИЦИ!

По препораките од МОН и донесената Уредба со законска сила за продолжување на едукацијата на учениците во време на вонредна состојба во нашата држава, наставниот кадар на ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје изготви училишна веб-платформа со Е-наставни содржини. Училишната веб-платформа ќе овозможи успешна реализација на наставата преку далечинско учење, односно учење од дома. Наставниците континуирано ќе ја надополнуваат веб-платформата со поставување писмени насоки и објаснувања за учење од дома, со дополнителни електронски материјали ( презентации, квизови, работни листови, наставни листови, посочени линкови за учење, апликации, посочени линкови на снимени часови од Националната веб платформа Едуино и друго).Учениците треба редовно и навреме да ги читаат и разгледуваат електронските материјали, одговорно да ги извршуваат зададените задачи, а доколку имаат некои нејаснотии можат по електронски пат да комуницираат со наставниците. Потребно е родителите да им даваат голема поддршка на своите деца при учењето од дома и притоа многу да ги охрабруваат за вложениот труд.

Бесплатни дигитални платформи, апликации и содржини за учење дома

Една од мерките кои ги усвои Владата на Република Северна Македонија за заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење на коронавирусот е привремен прекин на воспитно – образовниот процес во државата. Основците и средношколците не одат на училиште, не посетуваат настава. Помалите од нив не посетуваат градинка. Но, тоа не значи дека образовната надградба треба да застане. Напротив, има многу начини како децата да продолжат да се едуцираат и во вакви вонредни околности, во домашни услови.

ПОВЕЌЕ

Добредојдовте на Едуино, националната веб-платформа за образование

Во иднина, сите воспитувачи, одделенски наставници и родители на оваа платформа ќе може да најдат и преземат материјали, игри и активности спремни за користење за деца од 3 до 10 годишна возраст.Меѓутоа, со оглед на моменталната состојба, се одлучивме платформата во моментов да ја приспособиме за потребите на образовниот систем и да креираме Е-училница за следење на видео предавања за ученици од прво до деветто одделение

ПОВЕЌЕ

Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година во Република Северна Македонија

Со Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2020/2021 година е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование, стручно образование (техничко образование - четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење и двегодишно траење), средно уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

ПОВЕЌЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани ученици од 9то одделение, во време на вонредната состојба во нашата држава ООУ Мирче Ацев преку училишната платформа ќе Ви овозможи успешна реализација на добиените презентации од гимназиите и средните стручни училишта, со цел да Ве запознаеме со организацијата на воспитно-образовната дејност, условите во кои се одвива наставата и други аспекти кои се значајни за училиштето.

Во време на редовната настава во претходните години ваквите активности од страна на гимназиите и средните стручни училишта се реализирале во нашето училиште преку презентации, поделба на печатени материјали, отворени училишни денови и друго, но оваа година сме приморани професионалната ориентација да ја реализираме на овој начин.

Драги ученици од 9то одделените, имате во прилог презентации од неколку училишта , а во понатамошниот период ќе бидат поставени и останатите.

ПОВЕЌЕ

Линкови

Lorem ipsum

Lorem ipsum

Lorem ipsum

Lorem ipsum

Lorem ipsum

Lorem ipsum

Lorem ipsum

Lorem ipsum

Настани

  • Благодарност

    Голема благодарност на USAID за успешно извршената реконструкција на оградата на училишниот двор. Благодарност за учеството на локалната самоуправа во заедничкит проект реконструкција на ограда.

  • Проект Erasmus+

    Голема чест и привелегија за нашето училиште, беше посетата на градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Нумовски и нашите гости од проектот.

  • Ученици и наставници од Грција, Малта и од Шпанија гости на ООУ „Мирче Ацев“

    Основно училиште „Мирче Ацев“ во скопската општина Ѓорче Петров деновиве им е домаќин на 18 наставници и ученици од Грција, Шпанија и од Малта, во рамките на проектот,,Прераскажани приказни за јазичен и културен развој“, на меѓународната едукативна програма „Еразмус+“.