• img

    Мисија

    Училиште кое обезбедува квалитетна настава прилагодена на можностите, потребите и интересите на учениците во кое се негува лична одговорност, самодисциплина, толеранција, меѓусебно почитување и мотивација на сите учесници во училишниот живот. Го поттикнуваме развојот на личноста на нашите ученици, нивната индивидуалност, креативност, натпреварувачки и спортски дух, хуманост, еколошка свест, критичко мислење и градење позитивни системи на вредности со цел успешно да се снаоѓаат во опкружувањето. Ги оспособуваме учениците за почитување на различностите и соживот во мултикултурно општество. Ги следиме трендовите и модернизацијата на образованието преку континуирано стручно усовршување на наставниот кадар. Градиме соработнички и партнерски односи со родителите и локалната заедница

  • img

    Визија

    Ќе градиме современо, иновативно и отворено училиште за промени и развој кое ќе може да одговори на предизвиците на 21-от век. Ќе ги зајакнуваме професионалните компетенции на вработените со цел постојано да се унапредува квалитетот на наставно – воспитниот процес. Сакаме добро опремено училиште во кое ќе се применува современа образовна технологија и креативна настава, пришто учениците ќе стекнуваат трајни и функционални знаења, вештини и вредности со надминати предрасуди. Ќе се стремиме да обезбедиме стимулативна средина за учење и работа во која на учениците ќе им се дава можност целосно да го реализираат својот потенцијал, со додатна образовна поддршка на потенцијално надарените ученици и на децата од ранливите групи. Сакаме уште подобра и поквалитетна соработка со родителите во сите сегменти на животот и работата на училиштето

  • img

    Наше мото

    Ученикот во центарот на нашето внимание , покрај сите предизвици

Општинско основно училиште „Мирче Ацев“ – Скопје, запишува ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 година

Почитувани родители,

Ве известуваме дека сите потребни информации за запишување на учениците во прво одделение во ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје за учебната 2020/21 година ќе ги најдете на училишната веб страна на следниов начин:

ПОВЕЌЕ

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ПРВЕНЦИ НА ОДДЕЛЕНИЈА И ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА

ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје распишува интерен конкурс за избор на првенци за одделенија за учебната 2019/20 година (ученици од IV до IX одд.) и првенец на генерација 2011/12 год. – 2019/20 година (ученик од IX одд.).

ПРОЧИТАЈ КОНКУРС ПРОЧИТАЈ КРИТЕРИУМИ

КОНКУРС

Доделување награди, дипломи и пофалници на учениците и просветните работници во општинските основни училишта во Општина Ѓорче Петров

ПРОЧИТАЈ КОНКУРС

СООПШТЕНИЕ

УЧИЛИШЕН ЛИТЕРАТУРЕН И ЛИКОВЕН КОНКУРС

По повод празникот 24 Мај – Ден на словенските просветители Св. Кирил и Mетодиј, ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје распишува литературен и ликовен конкурс на тема „Моќта на Кириловото слово“.

ПОВЕЌЕ

ПРЕПОРАКИ ЗА РОДИТЕЛИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ

ПРЕПОРАКИ ЗА РОДИТЕЛИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ ВО ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ДРЖАВАТА ЗАРАДИ СПРЕЧУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА ВИРУСОТ COVID – 19 (КОРОНАВИРУС)

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ДОКУМЕНТ 1

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ДОКУМЕНТ 2

СООПШТЕНИЕ

УЧИЛИШЕН ЛИТЕРАТУРЕН И ЛИКОВЕН КОНКУРС

По повод Патрониот празник на училиштето, ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје распишува литературен и ликовен конкурс на тема „75 години, горди на името твое“.Право на учество имаат учениците од ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје.Конкурсот е отворен од 02.04.2020 до 23.04.2020 година.

ПОВЕЌЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

ПОЧИТУВАНИ РОДИТЕЛИ И УЧЕНИЦИ!

По препораките од МОН и донесената Уредба со законска сила за продолжување на едукацијата на учениците во време на вонредна состојба во нашата држава, наставниот кадар на ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје изготви училишна веб-платформа со Е-наставни содржини. Училишната веб-платформа ќе овозможи успешна реализација на наставата преку далечинско учење, односно учење од дома. Наставниците континуирано ќе ја надополнуваат веб-платформата со поставување писмени насоки и објаснувања за учење од дома, со дополнителни електронски материјали ( презентации, квизови, работни листови, наставни листови, посочени линкови за учење, апликации, посочени линкови на снимени часови од Националната веб платформа Едуино и друго).Учениците треба редовно и навреме да ги читаат и разгледуваат електронските материјали, одговорно да ги извршуваат зададените задачи, а доколку имаат некои нејаснотии можат по електронски пат да комуницираат со наставниците. Потребно е родителите да им даваат голема поддршка на своите деца при учењето од дома и притоа многу да ги охрабруваат за вложениот труд.

Бесплатни дигитални платформи, апликации и содржини за учење дома

Една од мерките кои ги усвои Владата на Република Северна Македонија за заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење на коронавирусот е привремен прекин на воспитно – образовниот процес во државата. Основците и средношколците не одат на училиште, не посетуваат настава. Помалите од нив не посетуваат градинка. Но, тоа не значи дека образовната надградба треба да застане. Напротив, има многу начини како децата да продолжат да се едуцираат и во вакви вонредни околности, во домашни услови.

ПОВЕЌЕ

Добредојдовте на Едуино, националната веб-платформа за образование

Во иднина, сите воспитувачи, одделенски наставници и родители на оваа платформа ќе може да најдат и преземат материјали, игри и активности спремни за користење за деца од 3 до 10 годишна возраст.Меѓутоа, со оглед на моменталната состојба, се одлучивме платформата во моментов да ја приспособиме за потребите на образовниот систем и да креираме Е-училница за следење на видео предавања за ученици од прво до деветто одделение

ПОВЕЌЕ

Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година во Република Северна Македонија

Со Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2020/2021 година е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование, стручно образование (техничко образование - четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење и двегодишно траење), средно уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

ПОВЕЌЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани ученици од 9то одделение, во време на вонредната состојба во нашата држава ООУ Мирче Ацев преку училишната платформа ќе Ви овозможи успешна реализација на добиените презентации од гимназиите и средните стручни училишта, со цел да Ве запознаеме со организацијата на воспитно-образовната дејност, условите во кои се одвива наставата и други аспекти кои се значајни за училиштето.

Во време на редовната настава во претходните години ваквите активности од страна на гимназиите и средните стручни училишта се реализирале во нашето училиште преку презентации, поделба на печатени материјали, отворени училишни денови и друго, но оваа година сме приморани професионалната ориентација да ја реализираме на овој начин.

Драги ученици од 9то одделените, имате во прилог презентации од неколку училишта , а во понатамошниот период ќе бидат поставени и останатите.

ПОВЕЌЕ

Линкови

Lorem ipsum

Lorem ipsum

Lorem ipsum

Lorem ipsum

Lorem ipsum

Lorem ipsum

Lorem ipsum

Lorem ipsum

Настани

  • Соопштение

    Литературен и ликовен конкурс на тема „75 ГОДИНИ ГОРДИ НА ИМЕТО ТВОЕ“ организиран по повод Патрониот празник на училиштето.

  • 75 Години, горди на името твое

    Драги наставници, соработници, родители и ученици!Денес го славиме Патрониот празник на училиштето со гордост во срцетосо жар во душата, со топли спомени на нашата традиција и историја, со неизбежен освртна големиот херој, Мирче Ацев...

  • СедиДомаСоИсторија

    Во рамките на проектот #СедиДомаСоИсторија креативната екипа го одбележува Патрониот празник на училиштето.Низ презентацијата ќе дознаете за животот на народниот херој Мирче Ацев, за нас Љубителите на историјата, уживајќи со убавиот глас... но да не откриваме детали

  • Асанов и Стојановска се нови пионерски шампиони на Македонија

    Со учество на 70 натпреварувачи викендов во Штип се одржа вториот Телеком Мастерс турнир во пионерска конкуренција. Организатор беше ППК Шампион ФА под погровителство на пинг-понгарската федерација.

  • Проект Erasmus+

    Голема чест и привелегија за нашето училиште, беше посетата на градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Нумовски и нашите гости од проектот.

  • Ученици и наставници од Грција, Малта и од Шпанија гости на ООУ „Мирче Ацев“

    Основно училиште „Мирче Ацев“ во скопската општина Ѓорче Петров деновиве им е домаќин на 18 наставници и ученици од Грција, Шпанија и од Малта, во рамките на проектот,,Прераскажани приказни за јазичен и културен развој“, на меѓународната едукативна програма „Еразмус+“.